Штутгарт и Лајпциг во Лигата на шампионите, Волфсбург ќе игра за опстанок во Бундеслигата
Последното коло од најсилното германско фудбалско првенство оваа сезона е одиграно. Одамна е познато дека Баерн е шампион, а Борусија Дортмунд е на второто место. И двата тима го обезбедија своето место во Лигата на шампионите следната година. Во 34 коло Баерн беше подобар од Келн со 5:1, а Дортмунд славеше на гости против Вердер со 1:0.
Препорачано
Покрај нив, дел од ЛШ следната сезона ќе бидат и екипите на Лајпциг и Штутгарт. Хофенхајм и Баер Леверкузен се изборија за место во Лига Европа, додека Фрајбург, доколку загуби во финалето на Лига Европа против Астон Вила, како седмопласиран ќе игра во квалификациите за Конференциската лига.
Ст. Паули заврши на последното 18 место откако загуби со 3:1 од Волфсбург дома во директна борба за опстанок. Во понизок ранг оди и тимот на Хајденхајм кој загуби со 4:0 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
Волфсбург со триумфот над Ст. Паули ќе игра плејоф за опстанок во елитата против второпласираниот од втората Бундеслига, а можни ривали се Елверсберг, Хановер и Падерборн.
Бундеслига 2025/26
Резултати, последно 34 коло:
Хајденхајм – Мајнц 0:2
Унион Берлин – Аугсбург 4:0
Баер Леверкузен – ХСВ 1:1
Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 4:0
Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт 2:2
Баерн – Келн 5:1
Сент Паули – Волфсбург 1:3
Фрајбург – Лајпциг 4:1
Вердер Бремен – Борусија Дортмунд 0:1
Табела:
1. Баерн Минхен 89 бодови
2. Борусија Дортмунд 73
3. РБ Лајпциг 65
4. Штутгарт 62
—
5. Хофенхајм 61
6. Баер Леверкузен 59
—
7. Фрајбург 47
—
16.Волфсбург 29
—
17.Хајденхајм 26
18.Ст. Паули 26


