Штрајк на грчките работници на траектите, илјадници туристи ,,заробени“ на островите

Фото Архива

Работниците на траектите во Грција утрово стапиле во штрајк поради што илјадници туристи и патници не можеле да пристигнат на своите одредишта.

Вработените на траектите го најавиле 24 часовниот штрајк по неуспехот на преговорите со работодавачите за поголеми плати,подобри услови за работа, и други олеснувања.

Штрајкот можеби ќе биде продолжен во изјава за државната грчка телевизија истакнал претставникот на Синдикатот Антонис Далакогиоргос.

Сообраќајот на траектите би бил во целосен колапс ако штрајкот не бил најавен, а продажбата на карти прекината. Но, сепак илјадници туристи и патници сепак не успеале да го избегнат проблемот со траектите, предизвикан од штрајкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот