ШТОМ СЕ ПОЈАВИЛА НА ФАКУЛТЕТОТ ГО ДОБИЛА ОВОЈ ПРЕКАР! Кој би рекол дека ВОЈВОТКАТА некогаш вака ја нарекувале!

профимедиа

Кејт Мидлтон го оствари сонот на секоја девојка и се омажи за принцот. Првата обична смртничка која се омажи во кралско семејство, принцот го освоила токму на факултетот каде веднаш станала популарна.

На факултетот „Свети Ендру“ на кој и двајцата студирале, Кејт ја посетила првата забава и веднаш заработила прекар.

Поради физичкиот изглед веднаш ја нарекле „Beautiful Kate” или „Убавата Кејт“ и со тој прекар ја нарекувале до крајот на факултетот.

профимедиа

„Беше висока, витка, со густа темна коса. Само што се вратила од летување, па имаше и убав тен кој совршено одговараше со нејзините зелени очи. Најубава на факултетот. Веднаш започнавме да ја викаме „Убавата Кејт“, велат оние кои студирале со неа.

Вилијам и Кејт прво биле пријатели, а хемијата меѓу нив проработела откако тој ја видел на модната ревија на факултетот на која таа носела проѕирен фустан под кој се гледала долната облека.

Видео на денот