ВИДЕО | „Што ви е?! Ќе биде сѐ во ред“: Весна Змијанац излезе од болница со три бајпаса

Фото: Инстаграм

Пејачката Весна Змијанац пред две недели имаше интервенција на срцето, а сега за прв пат по напорната операција беше фотографирана на улица. Весна беше оперирана во во Клиничкиот центар на Србија,  а ќерката Николија и зетот Реља редовно ја посетуваа.

На пејачката ѝ вградиле три „бајпаса“, а според медицинскиот целиот процес не бил нималку „наивен“. Весна уште еднаш покажа колку е „желна за живот“ и дека е појака од било која животна препрека.


Две недели по интервенција била пуштена од болница, и сега дома мора да мирува додека комплетно не закрепне.

Извори велат дека Весна ги тешела докторите наместо тие неа.

„Што ви е?! Ќе биде сѐ во ред. Од мене нема толку лесно да се ослободите, бидејќи ме чекаат уште многу предизвици во животот!“ – им велела таа.

Ќерката на Весна, Николија, се огласи дека мајка ѝ е во стабилна ситуација во моментов и дека нема никакви опасности по живот.

„Операцијата на мајка ми беше успешна. Фала на сите пријатели и ближни кои се грижеа околку целата ситуација. Ги замолувам новинарите за мир, бидејќи ми е и мене потребен колку што и на мајка ми. Иако е Весна јавна личност, сепак, таа е моја мајка. Моја должност е да бидам покрај неа. Ви ветувам дека ќе се врати на сцената побрзо отколку што очекувате, бидејќи музиката е нејзината најголема љубов„ – изјави Николија.

Бев осамена и немав време за мажи! Весна Змијанац прозборе и за голите фотографии од младоста (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот