Што точно му е понудено на Вучиќ во Белата куќа? Еве што пишува во клучната точка 10. за признавањето на Косово

На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот од состанокот во Белата куќа му бил врачен документ во кој се бара Србија да ја признае независноста на Косово, пренесува Блиц.рс.

Во документот, во кој, како што изјави српскиот министер за финансии Синиша Мали, имало вкупно 16 точки, точката 10. била спорна и во неа експлицитно се бара меѓусебно признание од двете страни.

Точката 10. во оригинал гласи:

„Двете страни се обврзуваат на меѓусебно признание и заштита на етnичките малцинства, реституција на сопственоста, решавање на прашањата на апатридите и се согласуваат да отворат канцеларии чии задолженија ќе бидат да ги штитат и редовно, секоја година да известуваат за правата на малцинствата“.

И Американската новинарка со српско потекло Ксенија Мавловиќ Мекатер потврди дека токму горенаведеното стои во спорната точка 10.

 

Дел од српските медиуми претходно известија дека Гренел побарал од Вучиќ веднаш да ја потпише само независноста на Косово, што Гренел набргу го демантираше.

ГРЕНЕЛ ДЕМАНТИРА: Не е вистина дека од Србија е побарано да го признае Косово

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека од Вашингтон добил информација дека српскиот претседател Александар Вучиќ остро го отфрлил предлогот на САД на средбата во Белата куќа, што вклучува взаемно признавање на Србија и Косово.

-Точно е дека листот со сите предлози што се појавија во медиумите, вклучително и точка 10 (што подразбира взаемно признавање), беше на преговарачката маса во Белата куќа. Добив информација дека Вучиќ бил многу брутален. Тој ја отфрлил точката 10, велејќи дека тоа е неприфатливо за Србија и дека ќе постапува во согласност со Уставот на Србија – рече Дачиќ за телевизијата Пинк, пренесе Бета.

Дачиќ: Вучиќ го одбил предлогот на САД за признавање на Косово

Косовскиот претседател Авдулах Хоти, вечерва по средбата во Белата куќа изјави дека нема да разговараат за други теми освен за признавање, пренесе телевизија „Клан Косова”.

– Нема да има други разговори со Србија, освен за взаемно признавање – рече Хоти во вклучувањето од Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот