„Што си посеаја, тоа си ожнеаја“, вели Стојко Пауновски за поразот на СДСМ

Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, со народната поговорка „што си посеал, тоа ќе си жнееш“ во изјава за „Фокус“ го коментира поразот на СДСМ на локалните избори.

Пауновски беше разрешен од функцијата затоа што се спротивстави и одби да прими 35 „рамковни“ административци во Пазарниот инспекторат поради несоодветно образование. Откако Пауновски одби да ги прими „рамковните“, премиерот Зоран Заев му порача дека „пркос“ не е дозволен, дека мора да се почитува хиерархијата, по што Пауновски беше разрешен на владина седница.

Пауновски, за разлика до старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, не беше исклучен од СДСМ, но по неговото разрешување, тој коментираше дека СДСМ станала приватна партија, а тој бил нејзин член од нејзиното основање од 1991 година.

Димитриевски, пак, беше исклучен од партијата откако објави дека се кандидира за нов градоначалнички мандат во Куманово како независен кандидат. Пауновски вели дека му честитал на Димитриевски.

– На Максим му честитав и за старо-новата градоначалничка функција, а посебно за сѐ она што го издржа за овие избори, вели Пауновски за „Фокус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот