Разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски
Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Препорачано
Разрешувањето на Пауновски следува откако тој минатата недела јавно кажа дека не може да ги преземе во ДПИ 32-цата вработени што му ги определи Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование. Премиерот Заев во тоа препозна пркос, рече дека таквиот однос на Пауновски е недозволив, како и дека има основа за негово разрешување.
Вработените во ДПИ апелираа Владата да не го разрешува нивниот директор, зашто Пауновски, како што потенцираа, изминатиот период покажал капацитет за успешно раководење со институцијата. Над 100 инспектори се потпишаа и на петицијата за одбрана на Пауновски.
Предвидените 32 лица кои требаше да преминат во ДПИ се дел од вкупно 1 349-те „рамковно” вработени за кои Владата уште во јануари годинава донесе одлука да се распоредат во 237 државни институции. „Рамковните“ повеќе од една деценија не одеа на работа, а редовно добиваа плата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


