Што се случува со вашето тело кога јадете супа секој ден

Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Супата секогаш може да обезбеди убаво чувство кога тоа ви е најпотребно. Но, оние кои редовно го консумираат ова јадење може да се запрашаат дали супата е здрава или дали има некои потенцијални несакани ефекти.

Промени до кои доаѓа при секојдневното консумирање супа се следните:

Здравјето на цревата може да се подобри

Консумирањето супа полна со зеленчук може да го подобри здравјето на цревата, пишува порталот „Јади го ова, не тоа“ (Eat This, Not That).

– Супа полна со зеленчук е одлична за вашите црева поради повеќе причини. Со консумирањето супа се додаваат повеќе влакна во исхраната, што е одлично за варењето и ситоста, а многу зеленчуци кои обично се наоѓаат во супите како празот и кромидот содржат пребиотски влакна кои ги хранат добрите бактерии во цревата – вели Меги Михалчик.

Можете да добиете дополнителна количина на протеини

– Супата може да биде значаен извор на протеини, особено ако е супа од коски. Додавањето месо како пилешко ја зголемува содржината на протеини – вели Елизабет Вард, коавтор на Планот за исхрана за менопаузата

Одредени супи може да имаат лековити својства

Дали некогаш сте се запрашале дали пилешката супа со тестенини може да ви помогне да се чувствувате подобро кога сте болни или тоа не е ништо повеќе од оброк? Некои студии потврдуваат дека оваа супа има и антивоспалително дејство.

Истражувач од Медицинскиот центар на Универзитетот во Небраска открил дека класичната пилешка супа има бројни придобивки за вашето здравје.

Затоа, следниот пат кога ќе бидете болни, не двоумете се и изедете топла пилешка супа.

Ќе јадете порција зеленчук богат со антиоксиданти

Истражувањата покажуваат дека супата од зеленчук е најздравата супа што можете да ја јадете.

Супите од зеленчук се полни со минерали, витамини и биоактивни растителни соединенија. Овие супи, исто така, поттикнуваат хидратација и ситост.

Побрзо ќе се чувствувате сити

Супата може да ви помогне да се чувствувате позадоволни. Всушност, истражувачите откриле дека супата може да предизвика повеќе ситост од кој било друг оброк.

Ова може да значи дека ако уживате во убава супа за вечера, ќе внесете помалку калории во целост и дека сепак ќе се чувствувате сити.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот