Што сè може да се најде во клима-уредите: Ако не ги чистите редовно, ќе си го загрозите здравјето

Фото: Профимедиа

Многу луѓе денес сметаат дека климатизацијата е неопходност, особено во студените зимски и топлите летни денови. Но, сè почестите предупредувања за штетното влијание на клима-уредите врз здравјето на луѓето што ни доаѓаат, создаваат негативна слика за нив. Стравот од клима-уредите е делумно оправдан бидејќи е сериозна закана по здравјето на луѓето, но само доколку станува збор за клима-уред што не се одржува редовно и кој несоодветно се користи. Неодржуваните клима-уреди може да насоберат габички, прашина, нечистотија од животинско и растително потекло, а сето тоа може значително да им наштети на луѓето што страдаат од алергии, да поттикне напади на астма, но и да предизвика болести. Во продолжение ви пренесуваме некои од најчестите здравствени проблеми предизвикани од клима-уредите.

Инфекции на респираторниот тракт

Според најновите истражувања, луѓето што поминуваат многу време во климатизирани простории, имаат двојно поголема веројатност да добијат респираторни инфекции отколку луѓето што поминуваат многу време во природно проветрени простори. Најчести се обичните настинки, болки во грлото и тонзилитис како резултат на лошо одржуваните клима-апарати. Неодржуваните клима-апарати собираат и пренесуваат прашина и бактерии, што само го зголемува ризикот од болести.

Коксаки вируси

Коксаки вирусите предизвикуваат широк спектар болести од благи респираторни инфекции, фебрилна состојба, грипозни состојби со дигестивни проблеми како доменингитис, перикардитис и ендокардитис, хепатитис и многу други инфекции).

Легионела

Најопасната бактерија што може да се најде во клима-уредите е легионела, која предизвикува две различни болести. Поблагата форма е понтијачка треска, која се манифестира како поблага форма на грип, без воспаление на белите дробови (пневмонија). Вообичаени симптоми се треска, болки во мускулите, главоболка, како и благи симптоми на респираторниот систем, кои се појавуваат по неколку денови. Потешката форма е легионерската болест со воспаление на белите дробови. По инкубацијата од 2 до 10 дена по вдишувањето на оваа бактерија, болеста наеднаш се појавува со висока телесна температура (над 40 степени Целзиусови), сува кашлица и болка во градниот кош. Често се појавуваат и слабост, сонливост, главоболка и дијареја.

Синдром на болна зграда

Синдром на болна зграда значи збир симптоми што се поврзани со престојот во одредена зграда, односно просторија, а се поврзани со квалитетот на воздухот во затворените простории. Главно станува збор за:

– различни видови респираторни инфекции (вирусна пневмонија и бронхитис)
– астма (отежнато дишење)
– иритации на слузницата на очите, носот и грлото
– кашлица
– силни главоболки
– замор и недостаток на концентрација

Не секој што престојува во одредена зграда или просторија ќе ги има сите симптоми од оваа група. Карактеристично за овој синдром е тоа што симптомите се појавуваат во текот на престојот во одредена зграда, а се намалуваат или престануваат по излегувањето од зградата или во текот на викендот или годишниот одмор.

Корисен совет: За да ги избегнете овие болести, побарајте стручна помош од сервисер за клима-уреди, кој ќе ја исчисти правилно (барем двапати годишно), а кај некои апарати можете сами да ги миете филтрите во вода на секои 15 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот