Што работите и колку работите? Професии кои погубно влијаат на здравјето!

Фото: Инстаграм

Кога бираме професија веројатно не размислуваме на тоа како таа работа која ќе ја работиме цел живот ќе влијае на нашето здравје.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија покажало кои занимања се погубни за здравјето.

Најзагрозени се градежниците кај кои поради природата на работата се јавуваат респираторни болести, најчесто азбестоза.

Кај луѓето кои стојат на работното место – келнери, касиерки, професори, фризери, се јавува артритис на стапалата, а кај оние кои работат на сменипореметување на спиењето.

Ноќните смени (чувари, доктори, медицински сестри, обезбедување) исто така не се добри за организмот. Неуредниот животен ритам доведува до пореметувања во метаболизмот, недостаток на енергија, пад на имунитетот и телото станува поподложно на болести.

На голем здравствен ризик се изложени и рударите, пожарникарите, работниците кои одработуваат валкани работи, како ѓубреџиите, оние кои се грижат за канализационите мрежи и сл, особено се изложени на ризик од експлозија, оган, инфекција и сл.

Кај луѓето кои работат прекувремено или на норма (особено оние кои работат 11 часа и повеќе) постои ризик од појава на депресија.

На ова психичко пореметување се склони и луѓето што работат како негуватели. Вкупно 11 проценти од нив имале тежок облик на депресија предизвикан од фактот што се немоќни да им помогнат на лицата за кои се грижат.

Во услови на пандемија, во која светот се наоѓа во моментот, на голем удар се и здравствените работници, кои освен физичкото, го жртвуваат и своето психичко здравје со цел исполнување на обврските кои им ги налага професијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот