Што прави маж којшто не ја сака својата сопруга: Познатиот психолог тврди дека го издаваат овие ситници

Фото: Stocksnap.io

Доколку се прашувате што прави маж којшто не ја сака својата сопруга, популарниот руски психолог има одговор.

Во брак често доаѓа до губење на страста и заладување на односот помеѓу партнерите.

Рускиот психолог Ана Кирјанова напишала повеќе трудови во кои фокусот го ставила на машко-женските односи.

Таа во своите трудови се занимава со главните причини за несреќните врски во кои се наоѓаат некои парови. Психологот тврди дека постојат сигнали кои покажуваат дека вашиот сопруг повеќе не ве сака како претходно.

Не те сака доколку: не те прегрнува спонтано, не разговара со тебе за ситници, не се јавува да те праша како си среде работен ден.

Не те сака доколку: не можеш да сметаш на неговата помош. Кога мораш да се грижиш за него како да е дете од пет години, а не маж од 45 години.

Не те сака доколку: те исмејува. Кога не те забележува тебе, твојата работа и труд. Кога ќе ти каже јадеш многу или дека не може да ја јаде твојата храна затоа што не е онаква на каква што тој навикнал.

Не те сака кога постојано се меша во тоа што го правиш, во твоите одлуки, кога ќе ти каже дека зборуваш глупости, дека не размислуваш со своја глава, дека си глупава ако мислиш така.

Не те сака кога ќе ти каже: ти си виновна. Не те сака кога не одобрува ништо што ќе кажеш или направиш.

Не те сака затоа што секое „те сакам“ мора да го „просиш“ од него.

Ако не ве сака сопругот, со текот на времето можете да ја изгубите самодовербата, да станете неспретни, депресивни, очајни…

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот