Што прави денеска: Кристина Илиевска, моден консултант и стратег

Фото: Приватна архива

Кристина Илиевска е креативен консултант, ментор и стратег за модни брендови и агенции. Во седиштето на високата мода, Париз, во 2012 година завршува студии по бизнис администрација и ја започнува својата работа како моден консултант. Денес, таа работи со брендови и интернационални модни недели.

Фото: Приватна архива

За време на пандемијата извесно време поминува во своето Скопје, но продолжува да се занимава со истата работа. Сега живее во Португалија.

Кристина ни долови како изгледа еден нејзин ден…

Родена сум во Скопје, а сега живеам во Португалија. По половина година во Лисабон решив да се преселам покрај океанот, во Есторил. До почетокот на 20 век, ова било мало рибарско село, а сега е главен туристички центар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @klvsk


Градот има посебна енергија. Изгрејсонцето во овој период е по 7 часот и во тоа време трчам покрај океанот. Потоа практикувам јога, по која го започнувам работниот дел од денот.

Секојдневната рутина е одличен телесен и духовен баланс кој ме одржува и подготвува за поинтензивни периоди на работа кои се неизбежни околу модните недели.Работам независно, за повеќе клиенти. Се посветувам на секој клиент и проект поединечно, со цел да ги следам продуктивноста и резултатите од работата на дневна база.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @onlyafew.co

Основач сум на ONLYAFEW, креативна консултантска агенција која креира комплетна стратегија и процес на развиток и одржување на интернационални брендови.

Искуството од работата со агенции и со независни брендови ме научи да ги следам сите процеси на дневно ниво. Многу е големо задоволството да гледаш како твојата идеја се развива и станува реална.

Фото: Приватна архива

Моите работни задолженија како менаџер и куратор се креирање на целиот тек од идеја до реализација при развивање на самиот бренд, креирање стратегии за големопродажба, како и организирање на шоу-рум и претставување на брендовите на меѓународно ниво.

За време на Париската модна недела, соработувам со Јапонска агенција и го организирам нивниот шоу-рум.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Обично, во првата половина од денот работам со моите клиенти, а попладне сум во галеријата „Саби“ во Лисабон.

Галеријата е креирана од еден уметник кој прави совршен спој на уметнички дела и уникатни парчиња облека со фокус на бавната и одржлива мода.

Фото: Приватна архива

Уживам во тоа што го правам, и посебно во постигнатите резултати, и многу сум благодарна на сите претходни искуства кои го формираа мојот светоглед и ми овозможија да се занимавам со работата која многу ја сакам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот