Фото: EPA-EFE/NASA/Keegan Barber HANDOUT MANDATORY CREDIT: (NASA/Keegan Barber)HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Што правеле секое утро астронаутите кои беа заглавени во вселената девет месеци?

На 16 април 2007 година, Сунита „Суни“ Вилијамс го истрча Бостонскиот маратон. Но, таа не беше во Бостон. Таа дури и не беше во САД.

Внатре во Меѓународната вселенска станица, на повеќе од 400 километри надморска височина, астронаутот на НАСА стана првиот човек што истрча маратон во вселената, пишува „Си-ен-би-си“.

Сунита Вилијамс, која сега има 59 години, повторно ја тестираше својата издржливост во јуни 2024 година, откако капсулата Боинг што ја доведе до Меѓународната вселенска станица се расипа.

Таа требаше да оди на осумдневно патување со колегата астронаут Буч Вилмор, но всушност тоа траеше девет месеци.

Двајцата неодамна за среќа безбедно слетаа на Флорида, а потоа веднаш отпатуваа за Хјустон.

Додека биле во вселената, астронаутите морале да вежбаат два часа дневно, секој ден. Ова е пропишано со протоколите на НАСА бидејќи нултата гравитација горе може да предизвика влошување на коските и мускулите со текот на времето.

Вилијамс вежбала секое утро и тоа била нејзината рутина – будење во 5:30 часот и трчање, возење велосипед и кревање тегови до 7:30 часот наутро.

Вилмор и Вилијамс сега ќе мора повторно да се адаптираат на гравитацијата на Земјата 45 дена. Тоа ќе биде персонализирана програма за опоравување и ќе вежбаат по два часа дневно со лични тренери.

И во неизвесни и потенцијално предизвикувачки ситуации, како онаа во која се најдоа Вилијамс и Вилмор, таа рутина навистина може да помогне.

„Рутината ни дава чувство на стабилност“, вели психолошкото здружение Онтарио. „Посебно е моќно кога имате на што да се потпрете за време на стрес или неизвесност“.

Вежбањето особено може да биде камен-темелник на здравата рутина бидејќи придонесува и за менталното и за физичкото здравје, покажуваат студиите.

„Некои истражувања сугерираат дека постојаниот ритам може да им помогне на луѓето да се фокусираат и да се смират“, изјави за „Си-ен-би-си“ психолог од Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Аризона.

Вежбањето наутро исто така ви помага да се придржувате до плановите за тренинг. Не мора да вежбате секој ден, но добро е тоа да го правите наутро бидејќи помала е веројатноста да ги прескокнете тренинзите.

На крајот, најважно е да вежбате, без разлика колку и кога.

„За повеќето од нас кои сакаат да вежбаат за целокупно здравје, најдоброто време е она кое најдобро одговара на вашиот животен стил и ви овозможува да го правите тоа редовно“, изјави кардиологот Ерик Ван Итерсон за веб-страницата на Клиниката Кливленд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот