Што може светот да направи за да се избегнат идни пандемии како КОВИД-19?

EPA-EFE/EMANUELE VALERI

За жал, пандемијата КОВИД-19 веројатно нема да биде последната што ја доживуваме. Но, постојат работи што можеме да ги направиме на општествено и национално ниво за да ги минимизираме шансите за нова пандемија и да се осигураме дека светот ќе биде подобро подготвен.

Има многу примери од минатото дека вирусите кои предизвикуваат пандемија обично циркулираат кај животните пред да „скокнат“ кај луѓето.

Иако јавното мислење е поделено и никој не потврди во целост, многумина сметаат дека коронавирусот што предизвика пандемија на КОВИД-19 потекнува од лилјаци, но вирусите можат да бидат присутни кај многу други животни, вклучувајќи свињи, мајмуни, птици.

Значи, намалувањето на активностите што нè ставаат во близок контакт со диви животни, трговија со диви животни или животински пазари, ќе ги намали шансите за ваквиот тип на вирус да се прошири меѓу луѓето.

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Справување со уништувањето на шумите и климатските промени исто така може да помогнат, бидејќи и двата проблеми можат да доведат до миграција на луѓето во нови области каде што живеат диви животни.

Второ, сите земји ширум светот треба да го зајакнат надзорот над постојните вируси и треба со огромно внимание и навремено да се следат новите форми на вируси (доколку се појават).

Воедно ни се потребни и системи за да може секој нов вид на човечка инфекција да се идентификува брзо и да се пријави на глобално ниво.

ЕPA-EFE/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Конечно, треба да ја зајакнеме јавната здравствена инфраструктура на повеќето земји во светот. На почетокот на пандемијата, многу земји се бореа да развијат национални програми за тестирање и трасирање.

Со програми и подготвеноста што моментално ја имаме, ќе можеме многу побрзо да создадеме нови  доколку се соочиме со нови епидемии.

Светот сè уште може да воспостави капацитети за развој и справување со вирусите, секој од нас се надева дека науката брзо ќе  создаде вакцини кои ќе нè штитат од новите болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот