Што мажите треба да направат во 60-тите години?

Фото: Flickr

Животот по 60-тата на никаков начин не е инфериорен во однос на животот на 40 или 50 години. Се разбира, никој не го доведува во прашање безгрижниот ентузијазам и оптимизмот на дваесетгодишните млади луѓе кои прават грандиозни планови за животот, но не треба да се мисли дека сè завршува до шеесеттата година. Но, секако дека треба да се води сметка за здравјето, за да имате подобар и подолг живот.

Превентивните прегледи се многу важни како за жените, така и за мажите. На некои од нив мажите ретко одат, а тие можат да им го спасат животот.

Ракот на дебелото црево е едно од најчестите малигни заболувања, а почесто ги погодува мажите отколку жените.

Една од причините за тоа е што мажите предоцна се консултираат со лекар по појавата на симптомите, а поретко одат на дијагностичка колоноскопија.

По 5-тата година од животот, треба редовно да одите на колоноскопија, а оние со случаи на болеста во семејството уште порано, веќе по 30-тата.

Редовна контрола на тежината и обемот на половината

Иако на повеќето луѓе не им треба лекар за да видат дека се со прекумерна тежина, добро е вашиот лекар и официјално да го пресмета вашиот индекс на телесна маса или БМИ. Оној од 18,5 до 24,9 се смета за нормално, додека сѐ што е над тоа носи поголем ризик и потреба од почести лекарски прегледи.

Нивото на холестерол

Американското Здружение за здравје на срцето советува дека мажите по 20-годишна возраст треба да го проверуваат нивото на холестерол во крвта на секои шест години. Со текот на годините, и почесто.

Според лекарите, оваа вредност е важен показател за состојбата на крвните садови, како и за ризикот од мозочен и срцев удар. Мажите почесто боледуваат од срцеви болести, а повеќето од нив успешно се лекуваат доколку навреме се откријат.

Контрола на крвниот притисок

Како високиот холестерол, и високиот крвен притисок предизвикува трајно оштетување на крвните садови и го скратува животот. По 18-годишна возраст, неопходно е да се мери крвниот притисок најмалку на секои два месеци, особено ако постои генетска предиспозиција за болеста.

При малку зголемени вредности на крвниот притисок потребно е да се намали внесот на сол и да се изгуби вишокот килограми, додека кај повисоките вредности потребни се и таблети за негово регулирање.

Шеќер во крвта

Дури и оние со умерена телесна тежина и активност треба да го измерат нивото на шеќер во крвта, но и да направат тест за орална толеранција на гликоза (ОГТТ).

Зголемените вредности може да укажуваат на појава на дијабетес, нарушувања на тироидната жлезда, оштетување на црниот дроб или целијакија. Намалените вредности може да укажуваат на вирусен хепатитис и оштетување на бубрезите.

Преглед кај уролог

Секој трет маж по 50-тата и по 60-тата година има некаков облик на хронично воспаление на простатата, а тие се честа причина за повторливи воспаленија на уринарниот систем кои не биле лекувани.

Ваквите хронични воспаленија можат дури и да предизвикаат рак, а редовните прегледи на простатата и вадењето маркери на ПСА во крвта се најдобрата превенција од развојот на болеста. Мажите секако треба да одат на преглед кај уролог, како што жените одат на гинеколошки преглед, посочуваат лекарите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот