Што би се случило со вашето тело ако јадете пилешко секој ден?

Pixabay
Pixabay

Пилешкото е омилен избор за оброк на многумина, затоа што вкусно, а притоа одличен извор на хранливи материи. Сепак, прашањето е како нашето тело би реагирало ако го јадеме секој ден.

Доколку би јаделе само пржено и многу зачинето пилешко, тоа може да предизвика здравствени проблеми. Но, ако подготвувате пилешко без многу маснотии и сол, тогаш ова месо има повеќе здравствени придобивки, пишуваат на веб-страницата Eatthis.com.

Unsplash
Unsplash

Силни коски

Калциумот и витаминот Д се многу важни за здравјето на коските, но протеините се клучна хранлива материја за спречување на остеопороза и одржување на коските здрави и цврсти. Бидејќи пилешкото е извор на високо квалитетен протеин, честопати уживањето тоа и ќе ги снабди вашите коски со барем дел од многуте важни хранливи материи што им се потребни.

Чувство на задоволство

Вклучувањето на протеини од пилешко во вашиот оброк може да ви помогне да се чувствувате позадоволни и поситни, а тоа дополнително спречува од прејадување и одржување на фит – линија.

Подобри когнитивни функции

Пилешкото содржи холин, хранлива состојка која игра значајна улога во подобрувањето на меморијата, како и другите функции на мозокот. Податоците велат дека оние кои консумираат повеќе холин имаат подобри резултати на тестовите за меморија во споредба со оние кои не конзумирале многу од оваа хранлива материја. Бидејќи пилешкото содржи и витамин Б12, кој исто така е поврзан со функцијата на меморијата, консумирањето на оваа храна може да биде одличен избор доколку сакате да ги зачувате когнитивните функции.

Pixabay
Pixabay

Повеќе енергија

Ако страдате од анемија, често може да се чувствувате уморни – дури и откако ќе спиете доволно. Но, ако јадете пилешко, би можеле да го зголемите нивото на железо.

Поздраво срце

Сè додека избирате посни парчиња пилешко и го подготвувате без додавање многу маснотии и зачини, консумирањето на ова месо може да го подобри здравјето на вашето срце. Особено, ако пилешкото е исто така дел од вашата урамнотежена исхрана, можете да го намалите нивото на таканаречениот лош, ЛДЛ холестерол и вкупен холестерол.

Можни недостатоци на хранливи материи

Никогаш не е добро да јадете премногу храна. Кога се фокусирате на само една, ризикувате да го ограничите внесувањето на други производи, па затоа пропуштате важни хранливи материи. Ако јадете пилешко секој ден, можеби нема да јадете други извори на протеини како морска храна, мешунки и друга храна што нудат уникатни придобивки што пилешкото ги нема. Значи, пилешкото како избор во никој случај не е лошо сè додека оброкот го збогатувате и со друга здрава храна за да спречите недостаток на одредени групи хранливи материи на долг рок.

Видео на денот