Шри Ланка: 6 деца загинаа за време на полициската акција врз организаторите на терористичките напади

EPA-EFE/STR

Полицијата на Шри Ланка изведе упад во куќата за која добила дојава дека се кријат организаторите на неодамнешните терористички напади во оваа земја. Во размена на огнот убиени се најмалку 15 лица, меѓу кои и 6 деца, пренесува Агенцијата „Анадолу“.

Гласноговорникот на полицијата, Руван Гунасекара, изјави дека добиле дојава дека терористичките милитанти се кријат во една куќа. Полициските сили стигнале на адресата каде што дошло до размена на оган.

По размената на огнот, полицијата во куќата пронашла тела на најмалку 15 лица, меѓу кои и 6 деца. Три осомничени лица се повредени.

Гунасекара наведува дека се претпоставува дека станува збор за организаторите на терористичките напади, извршени на 21 април, (недела) на католичкиот Велигден, врз неколку цркви и хотели во Шри Ланка, а во кои се убиени најмалку 253 лица.

Серијата бомбашки напади во Шри Ланка се случија на 21 април, на католичкиот празник Велигден. Цел на бомбашките напади беа три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, и три лукзузни хотели „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во главниот град на Шри Ланка, Коломбо. Уште две експлозии одекнаа на периферијата на Коломбо.

Во терористичките напади, за кои се претпоставува дека ги извеле 9 лица, 253 лица го загубија својот живот и повредени беа повеќе од 500, а одговорност за нападите презеде терористичката организација ИСИС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот