Шпаркасе Банка воведе целосно дигитален потрошувачки кредит – средства на сметка за само 10 минути

Шпаркасе Банка АД Скопје го воведе новиот онлајн потрошувачки кредит – современо дигитално решение што овозможува брз, едноставен и целосно онлајн пристап до финансиски средства, без посета на експозитура и без административни процедури.

Целиот процес се одвива дигитално, со највисоки стандарди на сигурност и заштита, при што од апликација до исплата на средствата се потребни најмногу 10 минути по одобрувањето. Решението е целосно без хартија, без физичко потпишување документација и без потреба од дополнителни потврди, што претставува значаен исчекор кон модерно, ефикасно и одржливо банкарство.

УСЛОВИ ЗА ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

• Износ од 12.000 до 900.000 МКД
• Рок на отплата од 6 до 95 месеци
• Фиксна каматна стапка од 5,2 % за целиот период
• 0 денари административни трошоци
• 0 денари трошоци за апликација
• Без жиранти и без обезбедување

„Воведувањето на онлајн потрошувачкиот кредит претставува важен чекор во нашата стратегија за развој на целосно дигитално банкарство и создавање едноставни, брзи и достапни финансиски решенија за нашите клиенти.

Нашата цел е да овозможиме финансиските услуги да бидат достапни веднаш, кога клиентите имаат потреба, преку дигитално искуство што е интуитивно, сигурно и приспособено на современиот начин на живот.

Продолжуваме да инвестираме во иновации што носат реална вредност и го унапредуваат секојдневното банкарско искуство“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Онлајн потрошувачкиот кредит е достапен за постојни клиенти на Банката, со посебен фокус на клиентите што примаат плата во Шпаркасе Банка најмалку 6 месеци, овозможувајќи им брз пристап до средства кога им се најпотребни.

Со ова решение, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон дигитална иновација и развој на модерни банкарски услуги, поставувајќи нови стандарди во достапноста, брзината и едноставноста на финансиските услуги на македонскиот пазар.

Брзо. Едноставно. Дигитално. Токму кога ти треба.

Повеќе информации се достапни на www.sparkasse.mk или на 02/15-050.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот