Ибон Наваро Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Шпански страгет седнува на клупата на Црвена звезда

Српскиот евролигаш, Црвена звезда е многу блиску да го потполни испразнетото тренерско столче по заминувањето на Саша Обрадовиќ. Иако српските медиуми наголемо пишуваа дека нов тренер на „црвено-белите“ ќе биде Василис Спанулис сепак грчката кошаркарска легенда е блиску до преземање на солунски Арис.

Нов прв фаворит за нов тренер на Црвена звезда е шпанскиот стратег Ибон Наваро кој досега беше на чело на Уникаха. Преговорите меѓу Наваро и Црвена звезда веќе се во завршна фаза и во следните денови би требало да потпише договор со српскиот кошаркарски гигант.

Наваро веќе ја известил управата на Уникаха дека нема намера да остане дел од клубот во кој мина четири и пол сезони и освои дури седум пехари, со што е најтрофеен тренер во историјата на тимот од Малага.

Во договорот што го има со Уникаха има клаузула за раскин од 400.000 евра, сума што Црвена звезда ќе ја плати за да го донесе Наваро во српската престолнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот