Шпанската кралица Летиција ги откажала сите ангажмани: Таа е позитивна на коронавирусот

кралица летиција
Кралица Летиција / Фото: EPA-EFE

Откако две претходно договорени појавувања на кралицата Летиција беа откажани, потврдено е дека е позитивна на коронавирус и има благи симптоми.

Само еден ден пред да биде потврдено дека има коронавирус, кралицата Летиција со својот сопруг, кралот Фелипе Шести и ќерките, принцезата Леонор и инфантата Софија, пристигнаа на доделувањето на наградите „Princess of Girona Foundation Awards“, каде воодушеви со својот моден избор и синиот фустан со необичен детаљ на вратот.

шпанско кралско семејство
Шпанското кралско семејство / Фото: EPA-EFE/Toni Albir

А пред настанот, кралското семејство учествуваше и на работилница со поранешните добитници на оваа престижна награда, никој од присутните не носел маска, па можноста за ширење на инфекцијата, секако, е уште поголема.

Кралицата Летиција и нејзината ќерка, принцезата Леонор / Фото: EPA-EFE/Toni Albir

Како што пишуваат шпанските медиуми, кралицата имала благи симптоми, а сите нејзини ангажмани засега се откажани. Инаку, кралицата Летиција не е првиот член на шпанското кралско семејство кој е позитивен на коронавирусот. Нејзиниот сопруг, кралот Фелипе Шести, покажал позитивен тест уште во февруари оваа година, но тогаш ниту Летиција ниту нивните ќерки не биле заразени.

кралица летиција
Кралиа Летиција / Фото: EPA-EFE/BALLESTEROS

Три месеци подоцна, во мај оваа година, мајката на Фелипе, кралицата Софија, исто така беше позитивна на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот