Шпанија бара Америка да не ѝ се меша во одлуките за евтаназија
Шпанија денеска остро ја критикуваше владата на САД поради истрагата за случајот со евтаназија кој привлече големо внимание во Барселона, потоа и низ целиот свет, а предизвика и дипломатски спор околу човековите права, пренесува Политико.
Препорачано
Спорот беше поттикнат од протечен американски дипломатски документ со кој ѝ се наложува на Амбасадата на САД во Мадрид да отвори истрага за одлуката на Шпанија да ѝ дозволи на жртвата на сексуално насилство, Ноелија Кастиљо, да изврши законска евтаназија.
Откако претрпе повеќекратни сексуални напади и преживеала обид за самоубиство што ја оставил парализирана и во постојана болка, 25-годишната жена поднела барање да ѝ биде дозволено асистирано самоубиство во рамки на шпанскиот закон за право на смрт од 2021 година. Семејството на Кастиљо се спротивстави на одлуката и водеше неуспешна 18-месечна правна битка за да ја спречи да ја оствари својата желба.
Згасна животот на девојката од Шпанија која се избори за право на евтаназија
Во протечениот документ, кој не е потврден од Политико, претставници на Стејт департментот изразиле загриженост за примената на шпанскиот закон за право на смрт „во случаи кои вклучуваат психијатриски состојби и нетерминално страдање“ и им наложиле на дипломатите да ги пренесат „сериозните загрижености“ на Вашингтон до шпанските власти.
Спорот ја одразува пошироката деградација на односите меѓу САД и Шпанија, со постојани несогласувања околу трошоците за одбрана во рамки на НАТО и одбивањето на Мадрид да ја поддржи војната против Иран.
Веста за дипломатската истрага ги налути шпанските функционери, меѓу кои и министерката за здравство Моника Гарсија, која го повика американскиот претседател Доналд Трамп да престане „да си го меша носот“ во внатрешните работи на Шпанија.
„Шпанија е сериозна земја, со силен здравствен систем и правна рамка што ги штити и се грижи за сите луѓе, вклучително и оние кои избираат да побараат помош за достоинствена смрт во законски регулирани услови, оценети од клинички комисии и потврдени од судовите“, напиша таа на платформата X.
En Estados Unidos mueren cada año miles de personas sin seguro médico, mientras Trump apoya y ejecuta vulneraciones de derechos humanos entre Gaza e Irán.
Que deje de alimentar la agenda ultra internacional metiendo sus narices en cualquier sitio.
España es un país serio, con… pic.twitter.com/sU0cnm7RrT
— Mónica García (@Monica_Garcia_G) April 1, 2026
Гарсија исто така го критикуваше Вашингтон што покажува толкав интерес за смртта на еден Шпанец, додека „илјадници неосигурени луѓе умираат секоја година во САД, а Трамп поддржува и спроведува прекршувања на човековите права меѓу Газа и Иран“.
Претседателот на Каталонија, Салвадор Ила, од регионот каде што се случило асистираното самоубиство, исто така ги отфрли наводите на Стејт департментот дека Шпанија не го водела случајот на Кастиљо соодветно.
„Ќе ги браниме со целата сила професионалците од нашиот здравствен систем од какви било злонамерни напади што имаат цел да ја поткопаат нивната работа“, напиша тој на X.
„Го браниме правото на достоинствена смрт, откако усвоивме една од најнапредните и примерни правни рамки во светот“, додаде тој.
Шпанија ја легализираше евтаназијата и медицински асистираното самоубиство во 2021 година, со што стана една од малата група европски земји — вклучувајќи ги Белгија и Холандија – каде што асистираното умирање е дозволено под строги услови.
Шкотска на прагот да ја легализира евтаназијата како опција за терминално болните
Практиката брзо се прошири таму каде што е легална. Во Белгија, случаите на евтаназија се зголемиле повеќе од десеткратно во изминатите две децении, од неколку стотици случаи во раните 2000-ти на повеќе од 4.400 во 2025 година, што претставува околу 4 проценти од сите смртни случаи.
Правото на Европската не ја регулира директно евтаназијата, оставајќи им на земјите членки сами да ги утврдуваат своите рамки — разновидност што поттикнува сè поголема политичка и етичка дебата низ Унијата, особено во случаи што вклучуваат психијатриски заболувања.
Францускиот актер Арно Дени се подготвува за евтаназија – по операцијата живее во агонија


