Андреј Шошкиќ/Stony Brook Men's Basketball

Шошкиќ повторно блесна, одигра еден од најдобрите натпревари откако е во САД

Поранешниот кошаркар на Работнички, Андреј Шошкиќ, продолжува со одличните настапи во НЦАА и повторно беше еден од клучните фактори во новата победа на својот тим.

Стони брук славеше на гостувањето кај Нортистерн со убедливи 95-80, што претставува трета последователна победа за оваа екипа. Шошкиќ одигра значајна улога во триумфот, откако за 31 минута на паркетот постигна 22 поена, што е негов втор најдобар учинок во колеџ-кариерата, веднаш зад рекордните 27 поени.

Ова воедно беше и четврти пат македонскиот плејмејкер да ја надмине границата од 20 поени, откако пред почетокот на сезоната се пресели во НЦАА.

По оваа победа, Стони Брук има совршен учинок од 4-0 против ривалите од својата Конференција и моментално се наоѓа на седмата позиција на табелата, со само еден триумф помалку од второпласираниот Чарлстон.

Maкедонецот Шошкиќ избран за играч на неделата во НЦАА лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот