Maкедонецот Шошкиќ избран за играч на неделата во НЦАА лигата
Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ стигна до важно признание на американската колеџ-сцена, кое е потврда за неговите одлични партии во НЦАА.
Препорачано
Плејмејкерот на Стони Брук е избран за дебитант на неделата во рамки на „Coastal Athletic Association“, конференцијата во која настапува неговиот универзитет. Интересно е што за оваа награда му беа доволни само двата натпревара одиграни минатата седмица, на кои Шошкиќ забележа вкупно 31 поен (просек од 15,5), девет скока и осум асистенции, учинок значително над неговите сезонски бројки.
По очигледно успешниот период на адаптација, Шошкиќ игра сѐ посигурно од почетокот на 2026 година. Пред нешто повеќе од две недели го постави и својот личен рекорд во НЦАА со 27 поени на еден меч, а тренерскиот штаб му дава сериозна минутажа, иако не е редовен член на стартната петорка.
Екипата на Стони Брук моментално е на седмото место во конференцијата со скор 11-9.
Freshmen Phenom ⭐️
Following his best week yet as a Seawolf, Andrej Shoshkikj takes home his first ever CAA Rookie of the Week award!
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/SDKQwZK776
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) January 19, 2026


