Шолц на 8 декември и официјално ќе стане нов германски канцелар

Бундестаг
Бундестаг / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот Бундестаг во среда, на 8 декември, ќе избере нов канцелар, соопшти денеска Службата за информирање на германскиот Парламент, пренесува Локал Германија.

Откако „семафор” коалицијата го постигна договорот за формирање нова германска влада, Ангела Меркел во среди и официјално ќе биде заменета од социјалдемократот Олаф Шолц, актуелниот министер за финансии.

Поканата за свечена седница на парламентот е испратена за следната среда, на 8 декември, и со тоа се откри кога ќе биде избран новиот канцелар.

Со заминувањето на Меркел, нејзината коалиција Христијанско-демократска унија/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ) исто така ја напушта владата, бидејќи новата влада ќе ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФПД).

Шолц поддржува задолжителна вакцинација во борбата против ковид-19

Видео на денот