Шолц поддржува задолжителна вакцинација во борбата против ковид-19

Олаф Шолц
Новиот германски канцелар, Олаф Шолц/ Фото: ЕПА

Идниот германски канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека поддржува задолжителна вакцинација против ковид-19 со цел да се запре скокот на инфекциите во земјата, пренесува Политико.

Шолц рекол дека гледа оти во Бундестагот има дебата за ова прашање меѓу сите партии, информираат од опкружувањето на идниот канцелар, пренесува Бета.

Според тој извор, Шолц на денешната средба со канцеларката во заминување Ангела Меркел и шефовите на 16 германски сојузни покраини посочил дека ќе ги поддржи таквите прописи. Според германските медиуми, се размислува за затворање на барови и клубови.

Германија досега ја отфрлуваше радикалната опција за задолжителна вакцинација, која ја избра соседна Австрија.

Неодамна во Германија беше одлучено да се воведе задолжителна вакцинација за персоналот во домовите за стари лица, но и за припадниците на армијата, а тоа наскоро треба да стапи во сила.

Здравствената состојба во земјата е неповолна, при што, денеска имало 452,5 заболени од Ковид на 100.000 жители.

Во Германија досега целосно се вакцинирани околу 57 милиони луѓе или 68,5 отсто од населението.

Задолжителната вакцинација, која мнозинството Германци долго време ја одбиваа, сега ја бараат две третини од нив, односно 64 отсто, покажа неодамнешната анкета на медиумите РТЛ и НТВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот