Шок на стартот на кошаркарскиот турнир: Американците повеќе не се толку моќни, Франција го победи „дрим-тимот“

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кошаркарите на Франција го приредија најголемото изненадување на стартот од олимпискиот турнир победувајќи го фаворитот САД со 83:76 (15:22,22:23,25:11,21:20).
Ова е прв пораз на „дрим-тимот“ по ОИ 2004 година во Атина.

Очекувано, кошаркарите на САД подобро го отворија натпревари и го диктираа ритамот, но ниту „триколорите“ не беа без шанси. Французите не се предадоа и по поените на Демиен Лилард со кои САД направи двоцифрена предност, а на одмор заминаа со негатива од осум поени (37:45).

Иако на стартот од третата четвртина изгледаше дека кошаркарите на САД ќе дојдат до лесен триумф, но многу рано во проблеми со личните грешки влезе Кевин Дурент, по што Французите заиграа подобро во одбраната и на на крајот од третиот дел направија целосен пресврт добивајќи ја четвртината со 25:11.
Во последната четвртина беше видливо дека играчите на САД имаат проблеми, дека се уморни по напорната сезона во НБА лигата, но успеаја да го вратат водството со поените на Џру Холидеј. Но, Еван Фурние заедно со Николас Батум успеаја во последната минута од средбата да и донесат водство на Франција кое не го испуштија до крајот на средбата.

Кошаркарите на САД доминираа во скокот, но не успеаја да постигнат поени, а се беше решено по неспортскиот прекршок на Демиен Лилард над Фурние по што „триколирите“ направија предност од четири поени и на крајот славеа со конечни 83:76. Токму Фурние со 28 поени беше најдобар на натпреварот, 13 поени даде Нандо де Коло, додека кај „дрим-тимот“ се истакна Џру Холидеј со 18 поени.
Во останатите натпревари, Австралија предводени од Пати Милс и неговите 25 поени, ја совлада Нигерија со 84:67. Италија со 92:82 ја победи Германија додека Чешка со 84:78 славеше над домаќинот Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот