Шкотските реформи за промена на полот пред блокада од британските пратеници

Шкотска реформа за промена на пол / Фото Lesley Martin / PA Images / Profimedia

Пратениците од владата на Велика Британија би можеле да се обидат да ги блокираат шкотските реформи што ќе им олеснат на луѓето да го менуваат полот, пренесува Би-Би-Си.

Тоа доаѓа откако шкотскиот парламент гласаше за намалување на возраста кога луѓето можат да аплицираат за промена на нивниот пол на 16 години и да ја отстрани потребата од медицинска дијагноза на родова дисфорија.

Но, ова предизвика судир со владата на Британија, која има загриженост за безбедноста на жените и децата. Шкотската влада на Никола Старџен вели дека ќе се бори против обидите на пратениците да го запрат ова движење.

Во четвртокот, членовите на шкотскиот парламент (МСП) гласаа со 86 гласа „за“ и 39 „против“ за одобрување на контроверзниот систем за самоидентификација, што им олеснува на луѓето да добијат сертификат за препознавање пол.

Владата на Обединетото Кралство би можела да спречи законодавството да стане закон со блокирање на Кралската согласност – oдносно кога нацрт-законот ќе добие формален договор од кралот и ќе стане акт на шкотскиот парламент.

Министерката за жени и еднаквости на Обединетото Кралство, Кеми Баденох, рече дека шкотската влада не се осврнала на импликациите на законот врз животот на жените и девојчињата.

„Владата на ОК сега разгледува одредби што можат да поттикнат повторно разгледување и да им овозможат на МСП да ги решаваат овие прашања“ изјави таа.

Шкотската пратеничка Алистер Џек предупреди: „Ќе го разгледаме тоа внимателно, а исто така и последиците од Законот за еднаквост од 2010 година и другите закони ширум Велика Британија, во наредните недели.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот