ШКОЛКИТЕ СЕ СВАРИЈА НА ЖЕШТИНАТА! Биолозите во шок од она што се случи! - Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

ШКОЛКИТЕ СЕ СВАРИЈА НА ЖЕШТИНАТА! Биолозите во шок од она што се случи!

Кога Соунс се приближила на брегот видела дека многу школки се отворени.

Заради топлотниот бран кој ја зафати северна Калифорнија, школките на тоа подрачје се варат до смрт јавува Си-Ен-Ен.

-Кога се приближив на теренот, веднаш видов стотина мртви школки, изјави биологот Џеки Соунс од природниот резерват Боденг Мартин Резерв и додаде дека подоцна открила дека се работи за многу поголем размер на помор и дека досега има на десетина илјади мртви школки покрај брегот на северна Калифорнија.

Кога Соунс се приближила на брегот видела дека многу школки се отворени. Кога школките се живи и здрави тие се затворени, но кога угинуваат се отвораат.

Калифорнија доживеа рекорден топлотен бран во јуни со температури кои на места достигнуваа и 38 Целзиусови степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close