Шкендија вечерва се надева на чудо во Турција
Фудбалерите на Шкендија вечерва во Турција ги очекува реваншот од плејофот за осминафинале во Конференциската лига против Самсунспор.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тетовци во натпреварот влегуваат со негатива од 1-0 по првиот натпревар што се играше во Скопје и вечерва ќе се обидат истатта да ја надополнат. Домаќините се фаворити, одиграа подобро и во првиот натпревар, па така сигурно ќе биде тешко за избраниците на Јетон Беќири.
Дека не биле на потребното ниво во Скопје, свесен е и самиот Беќири кој истакна дека мора да одиграат на повисоко ниво за вечерва да имаат успех.
„Нормално дека сакаме успех, но мора да сме на највисоко ниво. Самсунспор е силен тим, меѓутоа верувам дека и ние ќе бидеме подобри утре. Ќе направиме се што е во наша моќ. Првиот натпревар за нас беше тежок, утре ќе играме подефанзивно, а ќе се обидеме и да го наметнеме нашиот ритам. Противникот го анализиравме и ќе се бориме“, порача Беќири на вчерашната прес-конференција.
Ќе потсетиме, Шкендија со пласманот во нокаут фазата стана првиот клуб во историјата на македонскиот клупски фудбал на кого му успеало такво нешто, а така сигурно ќе придонесе за подобар европски коефициент во рангирањето на лигата во УЕФА.
Натпреварот вечерва се игра во терминот од 18:45 часот и за главен судија избран е Италијанецот, Симоне Соца.


