Шиша баровите во Германија ќе банкротираат од новите правила на пакување на тутунот

Наргиле/Фото: Pexels

Во Германија има повеќе од 5.000 шиша-барови, пишува магазинот Феникс. Пушењето наргиле беше модерно во Германија со години, а во германските градови се отвораа се повеќе шиша-барови.

Но, сега се менува односот на јавноста кон шиша баровите. Најновите прописи за пакување, кои стапија на сила во средината на 2022 година, приближно ја удвоија цената на тутунот за наргиле со разорни ефекти за тутунската индустрија. Наместо да купуваат поскап, легален тутун, се повеќе потрошувачи се свртуваат кон опасни производи на црниот пазар и се почесто пушат дома наместо во кафулиња.

– Доколку оваа регулатива не биде укината, третина од сите шиша-барови во Германија може да бидат затворени до крајот на годината, изјави Фолке Рега, директор на Здружението на производители на тутун за наргиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот