Шилегов не ги поддржал Спасовски и Николовски за министри во владата на Ковачевски

Петре Шилегов, Фото: European Union/Fred Guerdin

Дел актуелни министри ќе останат и во новата влада на Димитар Ковачевски, без да се направи сериозна анализа колку тие придонеле за поразот на СДСМ на локалните избори. Ова, според информации на „Слободен печат“, била главната забелешка на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов на седницата на Извршниот одбор на партијата.

Шилегов иако не споменал имиња, алузијата била дека на Оливер Спасовски и на Љупчо Николовски не им е место во новата влада, бидејќи „не може за изборниот пораз да бидат виновни Радмила Шекеринска, Мила Царовска, Венко Филипче и Петре Шилегов, а Спасовски како тогашен потпретседател на СДСМ и Николовски како генерален секретар и шеф на изборниот штаб да не понесат одговорност, туку да бидат наградени со нов мандат“.

Според информациите, на Извршниот одбор Шилегов бил воздржан за кадровскиот состав за новата влада, додека на Централниот одбор воопшто не говорел. Впечатливо е, според нашиот извор, дека на состаноците на партиските органи не присуствувале ниту еден од актуелните министри кои Ковачевски не ги стави на листата за новиот владин кабинет, односно на состаноците не дошле Шекеринска, Филипче, Царовска, Јагода Шахпаска и Ирена Стефоска. Сепак, толкувањата се дека актуелните министри кои нема да бидат во новата влада, тоа што имале да му го кажат на Ковачевски, го кажале на одделните средби со мандатарот.

ВИДЕО: СДСМ едногласно ги потврди новите министри, Ковачевски вели дека избрал докажани луѓе

Мицкоски за ДВ: Во новата влада се истите лица чии политики беа поразени!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот