„Шевролет“ во историјата, нов спонзор на дресот на Манчестер јунајтед

Фото: EPA-EFE/Phil Noble/POOL

Манчестер јунајтед денеска објави дека влегуваат во новата сезона со нов спонзор на дресовите..

Наместо американската компанија „Шевролет“, следната сезона на дресовите на „црвените ѓаволи“ ќе се појави името на технолошката компанија „ТимВјуер“.

Потпишан е огромен договор помеѓу Јунајтед и оваа компанија. Станува збор за петгодишен договор вреден вкупно 235 милиони фунти.

Клубот од „Олд Трафорд“ ќе добива 47 милиони фунти годишно и ова е најголемиот договор за рекламирање на дрес во англиската Премиер лига.

– Ние сме исклучително горди што воспоставивме партнерство со една од највозбудливите и најдинамични глобални софтверски компании – рече Ричард Арнолд, директорот за управување во Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот