Шесто европско злато по ред за Сандра Перковиќ

Ново злато за Сандра Перковиќ/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ по шест пат го освои златниот медал на Европските првенства во дисциплината фрлање диск.

Перковиќ до златото на ЕП во Минхен дојде со фрлање од 67,95 метри во петтата серија, додека на второто и третото место се пласираа Германките Кристин Пуденц со фрлање од 67,87 метри и Клаудин Вита со 65.20 метри.


Ова беше шести златен медал по ред за Перковиќ од Европските првенства, нејзината серија започна на ЕП во Барселона 2010 година, по што следеа триумфи и на ЕП во Хелсинки 2012, во Цирих 2014, во Амстердам 2016 и во Берлин 2018 година.

Ова е втор златен медал за Хрватска на ЕП во Минхен откако вчера златниот медал во фрлање ѓуле триумфираше Фран Михалевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот