Шестмина казнети со по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час

epa09066716 Police officer controls the documents of the man in his car during the curfew in Skopje, Republic of North Macedonia, 10 March 2021. Due to the continuous increase in the number of newly infected people with COVID-19, North Macedonia Government declared new curfew next two weeks starting from 10 March. The curfew begins at 10pm until 5am in the morning every day, including two weekends. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на денот како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Надлежниот јавен обвинител за сите обвинети предложи парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот