Шешов: Време е да почнеме да ги применуваме европските прописи за проектирање (ВИДЕО)

Како Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во светот се многу малку. Корените се тесно поврзани со катастрофалниот земјотрес што во 1963 го погоди нашиот град.

-Првата генерација имала огромна помош од странски професори, еексперти од Јапонија, САД кои ги едуцирале моите професори. После искуството со скопскиот земјотрес се собра едно знаење кое се преточи во стандарди кои за жал и ден денес се актуелни. Науката созрева и тие стандарди се прекрути. Тие се доста квалитетни за тој период, но ќе повторам се прекрути, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна Тв“ Проф. д-р Влатко Шешов директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Ако мене ме прашате, вели тој, не треба воопшто да чекаме и треба да почнеме да ги применуваме европските прописи за проетирање и тоа би било голем квалитет и исчекор.

Целиот разговор со проф. д-р Влатко Шешов директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот