Шекил О’Нил: Бидете како Гобер кој со 11 поени заработува 200 милиони долари!

Фото: Твитер

Легендарниот НБА кошаркар Шекил О’Нил го коментираше фактот дека Руди Гобер потпиша договор со Јута вреден нереални 200 милиони долари.

„Џезерите“ го шокираа кошаркарскиот свет кога на Французинот му понудија неверојатен четиригодишен договор и го направија најплатениот центар во историјата на НБА лигата.

Неговиот просек во НБА лигата е „само“ 11 поени по натпревар, а неговите главни квалитети се однесуваат на играта во одбраната.

– Не сакам да мразам никого, но овој договор со Гобер треба да биде инспирација за сите деца. Вие имате просек од 11 поени во НБА лигата и добивате договор од 200 милиони – рече О’Нил.

Гобер во просек има 11,8 поени по меч со осум скока и 1,4 асистенција за осум години играње во Јута. Негов најголем успех е еден настап на НБА „Ол-Стар“ натпревар, додека пред три години беше во вториот најдобар тим во НБА лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот