Шекеринска за УБ: Не ја елиминираме опасноста од радикализирани структури – спремни сме веднаш да реагираме

Според министерката нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија.

– Најголем дел од земјите не ги повлекоа војниците. Само ги преместија од Ирак во Кувајт, со план дека тоа е само времено. Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата, изјави во Утрински брифинг на „Слободен печат“ министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Според министерката нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија. Таа вели дека овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации поврзани со Иран, бидејќи Македонија не им е точка на интерес.

– Никогаш не смееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И Македонија и целиов регион, светот живее со опасноста од тероризам. Ако во еден момент помислите дека тоа им се случува на некои други ќе се разбудите шокирани и непријатно изненадени, бидејќи светот живее под притисок од тероризмот. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност, изјави Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот