Шекеринска-Купер: С. Македонија успешно го мина тестот од првата година на членство во НАТО

Фото: mia.mk

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска попладнево имаше телефонски разговор со помошникот секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Во разговорот Шекеринска и американската висока претставничка од одбраната се осврнаа на годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО, политичко-безбедносната ситуација во регионот и плановите за одбранбена соработка.

Како што информираа од Министетството за одбрана (МО), Шекеринска упати честитки за новата администрација и изборот на нов секретар за одбрана и изрази очекувања дека сојузништвото и одбранбената соработка ќе продолжат по нагорна линија.

– Северна Македонија успешно го мина тестот од првата година од членство во НАТО. Буџетот во  одбраната бележи континуиран раст, при што акцентот на трошењата го ставаме на модернизацијата на нашите капацитети. Воената интеграција во НАТО се одвива според планираната динамика и ќе заврши до крајот на годината. По многу години учество во НАТО мисии на Блискиот Исток, се свртуваме и кон регионот и учествуваме во мисијата на КФОР, рече министерката Шекеринска во разговорот.

Шекеринска и Купер разговараа за вежбата „Одлучен удар 21″ чиј домаќин ќе биде нашата земја, а САД се најголемите контрибутори во логистиката и реализацијата на оваа мултилатерална вежба во која ќе земат учество и Грција и Бугарија.

– Да се биде домаќин на „Одлучен удар 21″ е големо признание за одбранбените капацитети на нашата Армија и на нашата земја, особено затоа што нејзината изведба е во тесно партнерство со Соединетите Американски Држави и што е израз на длабоката меѓусебна доверба меѓу двете земји, посочи министерката и додаде дека сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД има стратешко значење за целиот регион.

Помошничката на американскиот секретар за одбрана Лора Купер, како што информира Министетството за одбрана, ги поздрави заедничките активности на полето на одбраната и изрази уверување дека претстојната вежба „Одлучен удар 21″, во која САД имаат големо учество, ќе мине успешно.

– Таа рече дека со доаѓањето на новата администрација, Вашингтон останува фокусиран на поддршката на напредокот на земјите од Западен Балкан на евроатлантскиот пат, се наведува во  соопштението на МО. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот