Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска од трибината во Битола изјави дека десетина дена пред настаните во Собранието, Шекеринска им читала приказна на својата ќерка и ќерката на нејзиниот противкандидат, Игор Дурловски.

Таа пред насобраните Битолчани зборуваше за тоа како ќе го погледне Дурловски кој, како што вели, испратил луѓе за да ги убијат.

„Си реков, ако дојде, во него нема да ја гледам ни мојата крвава расцепена глава, ни неговите раце извалкани со крв, туку ќе ги гледам мојата и неговата ќерка на кои десетина дена пред тоа ми седеа во скутот и им читав приказна. Тие, нашите деца заслужуваат повеќе, заслужуваат повеќе од нас, заслужуваат добрина не насилство, заслужуваат човечност а не одмазда, додаде Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот