Шефот на Хезболах: Убиството во Бејрут нема да помине неказнето
Шефот на Хезболах Хасан Насрала по убиството на заменик-лидерот на Хамас во Бејрут, изјави дека убиството нема да помине неказнето, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Израел денеска изврши нови воздушни напади врз Појасот Газа, додека израелската војска соопшти дека е во состојба на готовност поради нападите на либанската милитантна група Хезболах, по нападот со беспилотно летало во кој загина висок функционер на Хамас во либанската престолнина Бејрут.
Хамас и безбедносните претставници во регионот го препишаа нападот во кој загина Салех ал-Арури на израелско беспилотно летало, објави Гласот на Америка.
Хезболах – како и Хамас, милитантна група поддржана од Иран, прогласена за терористичка организација од страна на Соединетите држави, како што пишува Гласот на Америка, истрелува ракети преку северната граница на Израел откако изби војната меѓу Израел и Хамас во октомври, .
Во меѓувреме, израелските сили продолжија со воздушни и копнени напади против милитантите на Хамас во Газа и им порачаа на цивилите да го напуштат бегалскиот камп во северната палестинска енклава.
Либан го повика Хезболах да не одговара на убиството во Ал-Арури


