Шефот на „Епл” со пониски примања лани во однос на 2018 година

Главниот извршен директор на „Епл”, Тим Кук минатата година заработил 11,6 милиони долари, што е намалување од 15,7 милиони американски долари во 2018 година, поради пониските финансиски перформанси на компанијата.

Основната плата на шефот на технолошкиот гигант се искачи до 3 милиони долари годишно, плус бонуси и различни компензации, се вели во документот претставен на официјалните претставници на берзата во САД.

Во фискалната 2018 година, Кук доби бонус од 12 милиони долари, бидејќи неговата компанија  исполни за 200 проценти целите за обрт и оперативни профитни цели. За 2019 година, „Епл” објави нето приход од 260 милијарди долари и скоро 64 милијарди долари оперативен профит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот