Шасивари: Сериозно се загрозени владеењето на правото и човековите права

Јетон Шасивари/Фото-приватна арихва

Професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари за „Слободен печат“ вели дека мнозинството од петте уставни судии е легитимно и легално мнозинство, но тоа не значи дека ова мнозинство редовно и секогаш ќе биде едногласно во иднина, бидејќи е доволен само еден глас против за да се блокира одлуката на Уставниот суд за одредени предмети.

Ваквата состојба со немањето целосен капацитет за одлучување на овој суд секако ќе има многу негативно влијание врз дејноста и квалитетот на неговата работа, особено кога досега се одложени одлуките за десетици предмети поради немање потребно мнозинство, како што се законот за употреба на јазиците, законот за ратификација на Договорот од Преспа, законот за Јавно обвинителство, итн. Несомнено дека ваквата состојба сериозно ќе ги загрози темелните вредности на нашиот уставен поредок, како што се: владеењето на правото и човековите права и дополнително ќе ја намали довербата на граѓаните во правосудниот систем, што ќе има негативни последици и во однос на евроинтеграциите, вели Шасивари.

Мицевски: Ако сака СДСМ, уште денес може да закаже седница на Комисија за избор на уставни судии

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот