Мицевски: Ако сака СДСМ, уште денес може да закаже седница на Комисија за избор на уставни судии

Уставниот суд 2022 година ја започна со шест судии од вкупно девет. На тројца судии им заврши мандатот, а еден судија на 15 јануари заминува во пензија, со што бројот на уставни судии ќе се сведе на пет. За нормално да функционира Уставниот суд, потребно е двотретинско мнозиство, односно шест судии, поради тоа што одлуките се носат со најмалку пет гласа „за“.

Од друга страна, Собранието доцни со изборот на нови уставни судии. Народните избраници од мнозиството и од опозицијата излегуваат со своја верзија за доцнењето на комплетирањето на тимот на Уставниот суд. Пратениците повеќе од половина од минатата година воопшто не дебатираа за тоа кој ќе треба да седне на испразнетите столчиња во Уставниот суд.

Фокусот е седницата за избор на Влада, потоа треба да се распределат членови и заменици на комисијата за избори и именувања според новото мнозиство, изјави за „Слободен печат“, Јован Митревски – координатор на пратеничката група на СДСМ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го обвинува парламентарното мнозинство за некомплетирање на тимот на Уставниот суд. Според него, Собранието е многу далеку од одржување на пленарна седница за избор на нови судии.

– Не закажуваат комисија за избор на уставни судии, далеку сме од пленарна седница. Претседавач на комисијата е координаторот на СДСМ во Собранието и доколку и СДСМ сакаат да избереме уставни судии, седница на комисијата можат да закажат денес. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на оваа комисиска расправа, како и на пленарната седница, изјави Мицевски за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот