Шанса за Центар: Шахтите на „Козара“ не се добро санирани, иако општината се пофали

Фото: Шанса за Центар

При асфалтирањето на улицата „Козара“ во скопската општина Центар, изведувачот ги покрил со асфалт и шахтите и сливниците. По објавувањето на случајот, денес на улицата дојде градоначалникот Горан Герасимовски со екипа од општината, која ги „ослободуваше“ шахтите од асфалтната покривка.

Фото: Шанса за Центар

Но, граѓанската иницијатива Шанса за Центар, која е дел од општинскиот совет, попладнево реагира дека шахтите и натаму не се добро санирани, како и дека во дел од сливниците паднал материјал, кој може да предизвика проблеми и поплавување дури и при помал дожд.

Фото: Шанса за Центар

„По информацијата од граѓаните вчера се обративме и до Општината од каде како одговор добивме две фотографии од средени сливници. Но, денеска се уверивме дека состојбата на улицата не е сосема како во тие два случаи. Дел од сливниците и повеќе шахти не се уште расчистени од асфалтот. Кај некои сливници внатре може да се види дека паднал дел од материјалот. Сето ова може да предизвика големи проблеми доколку заврне дожд“, велат од Шанса за Центар.

„Инсталацијата на улицата нема да може да прими многу од водата како што би требало па може да дојде до поплава и при мали количини на вода.
Денеска се обративме повторно до општината да се преземат мерки за брзо да се расчисти состојбата пред повторно да дојдат дождливи денови“, додаваат од граѓанската иницијатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот