Шанел, Гучи, Ајфон… Списокот со божиќните желби на 10-годишно девојче го шокираше Твитер – Слободен печат
ЗабаваМагазинСемејство

Шанел, Гучи, Ајфон… Списокот со божиќните желби на 10-годишно девојче го шокираше Твитер

Нејзиниот список е полн лист хартија, а желбите се, благо кажано, луксузни.

Мечтаењето за божиќните подароци отсекогаш на децата им било посебно задоволство, но се чини дека новите генерации малку ја подигнале улогата кога станува збор за желбите.

Списокот со божиќните желби на едно десет годишно девојче стана вирален откако нејзиниот татко го објави на Твитер покрај кој напиша „Мојата 10-годишна ќерка мора да е надвор од памет со овој божиќен список“.

Нејзиниот список е полн лист хартија, а желбите се, благо кажано, луксузни.

Ајфон 11, нов Макбук Ер, Гучи тобичка, Шанел торбичка, Го Про, живо зајче, неколку навистина детски играчки, потоа маркирани шминки и парфеми, а на списокот е и сума од 4000 долари.

Списокот доби 100 илјади лајкови а доби и многу шерувања. „Како ги вметнала овие 4000 долари на дното како рок ѕвезда“, „Ниту јас не можам да си дозволам Шанел торба“ и „Човеку, јас би и кажал дека Дедо Мраз е мртов“, се само дел од коментарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close