Шамар за Орбан: Европскиот суд против контроверзниот унгарски закон

Виктор Орбан
Виктор Орбан/ Фото EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Контроверзниот потег на Унгарија да ја криминализира поддршката за барателите на азил го прекршува правото на ЕУ, пресуди највисокиот суд на блокот.

Законот, усвоен од унгарските пратеници во 2018 година, забранува помагање на илегалните имигранти да бараат азил.

Европската комисија го предаде случајот до Европскиот суд на правдата, кој денеска ја соопшти својата одлука.

„Криминализацијата на таквите активности влијае на остварувањето на правата загарантирани со законодавството на ЕУ во однос на помошта на барателите за меѓународна заштита“, соопшти судот, пренесува Еуроњуз.

Владата на Виктор Орбан го нарече овој закон „Стоп Сорос“, кој се однесува на американско-унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, „дежурниот виновник“ кој е предмет на многу теории на заговор.

Видео на денот