Сезоната на борбените Овни е во тек: Овие имиња се идеални за бебињата родени во овој знак
Овенот е првиот знак на Зодијакот и е таму за да им покаже на сите дека е број еден. Овенот се карактеризира со иницијатива, храброст и непосредност. Овните се лидери, пронаоѓачи, пионери и борци.
Препорачано
Ако го предизвикувате Овенот, подгответе се за битка. Ако му кажете на Овенот дека не може да направи нешто, ќе го направите токму спротивното, бидејќи тој ќе направи се за да докаже дека може. Секогаш се бори за тоа што го сака и никогаш не се откажува. Подготвен е за предизвик и знае дека ништо не е проблем да се постигне, ако се сака. Тој е секогаш директен, без разлика што мислат другите. Можеби луѓето не ги сакаат таквите луѓе, но на Овенот не му е грижа.
Го кажува она што секогаш го мисли, дури и по цена да навреди некого. Така е и тоа нема да се промени. Кога станува збор за љубовта, секогаш оди на сè или ништо. Ако некој не е заинтересиран за него, Овенот само ќе го промени правецот. Тој човек, доколку го прашате него, е во загуба. Не сака да губи време. Ако може, може, ако не, само се врти и заминува.

Оди на сè или ништо во љубовта. Сепак, секогаш е посветен на саканата личност и важна му е моногамијата, па затоа не е склон кон изневерувања. Тој е многу лојален. Понекогаш може да биде премногу искрен и таа искреност може да го чини и љубов, но тој не знае никако поинаку. Тој мисли дека по секоја цена мора да го каже тоа што го мисли. Можеби ќе ви биде најдобар пријател и најдобар љубовник или нема да биде во вашиот живот. Ништо не прави на половина, секогаш прави се или ништо. Или на луѓето им се допаѓа или не. Никој нема таква енергија како Овенот, таков оптимизам и амбиција.
Ова се имињата кои астролозите ги сметаат за соодветни за децата родени во овој знак:
ЗА ДЕВОЈЧИЊА : Аријана (полна со живот), Уна (единствена), Деа (силна и храбра),
ЗА МОМЧИЊА : Алекс (заштитник на луѓето), Бернард (силен како мечка), Доминик (господар)


