Северна Македонија има јасна цел, порача од Брисел министерот за администрација Алити

Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација/Фото: МИА

Министерот за администрација, Адмирим Алити, во рамки на скрининг-процесот престојува во Брисел, каде што оствари средба со претставници на Европската комисија.

Како што информира тој преку Фејсбук, на оваа средба биле разгледани реформите во јавната администрација како еден од клучните приоритети на Владата, каде според него истакнале дека интензивно се работи за да се овозможи деполитизирана, компетентна, ефикасна јавна администрација, одговорна и транспарентна, којa ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис заедницата.

-Информирав за напорите на МИОА на овој план и за моменталната состојба на составот и работењето на државната администрација. Разговаравме и за релевантните закони од областа на дигитализацијата, како општа основа за практична имплементација на ИКТ решенијата, кои овозможуваат поедноставни и побрзи административни процедури, но во исто време обезбедуваат ефективен систем во електронските услуги, кој исполнува и е во согласност со Европски стандарди и законодавства, објави Алити.

Тој истакна дека Северна Македонија има јасна цел и е целосно ангажирана и ги користи сите капацитети кои ги катализираат и обезбедуваат предусловите за интеграција во Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот