Северна Кореја почна да ја емитува Олимпијадата неколку дена откако таа заврши

Олимпијада во Токио /twitter/Fast World News

Севернокорејската национална телевизија го објави првиот извештај за Олимписките игри во Токио два дена откако церемонијата заврши, пренесува Би-Би-Си. 

Според извештајот на локалните медиуми, Севернокорејската национална телевизија оваа недела емитувале 70 минути од натпреварот во женски фудбал меѓу Велика Британија и Чиле. Тој натпревар бил одигран на 21-ви јули. 

Северна Кореја претходно дала прилог за Олимпијадата неколку дена откако тие се започнаа. 

Според сајтот на „НК њуз“, женскиот натпревар бил емитуван без коментатор и во лоша резолуција. 

Северна Кореја не испрати своја делегација во Токио, тврдејќи дека сака да ги заштити своите спортисти од Ковид-19. Пјонгјанг вели дека во земјата нема забележано случај на коронавирус, но експертите велат дека шансите за тоа се многу мали. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот