Северина му се обрати на хрватскиот претседател: Благодарам што разбравте дека не се работи за мене, туку…

Фото: Инстаграм / ЕПА

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на образованието, го посети Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот во Загреб и по тој повод даде изјава за медиумите.

Меѓу другото, тој се осврна и на пресудата на Врховниот суд за случајот со Северина Вучковиќ и старателството на нејзиниот син.

Откако изјавата се прошири на социјалните мрежи, хрватската пејачка не издржа и реши преку својот инстаграм-профил да му се обрати на претседателот.

„Почитуван претседателе, тоа трае 11 години, а не 9 години. Ви благодарам што разбравте дека не се работи за мене, туку за моето дете. И дека е игра на системот со едно дете повеќе од една деценија – бесчувствително. Му се одзема правото на безгрижно детство и правото на дом.

И за крај, благодарам за грижата, детето нема сè уште седа коса… И не полудело… Но и вие претседателе, мора да разберете дека тоа беше советот на Врховниот суд што го врати ова на првостепената пресуда.

И што ќе правиме сега?

Велат, правдата секогаш победува на крајот, но подобро би било да победи на почетокот.“, напиша Северина покрај видеото со изјавата на претседателот Милановиќ.

Да потсетиме, претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ го коментираше случајот со пејачката Северина Вучковиќ и одлуката на Врховниот суд да и го одземе старателството над синот Александар. Имено, Милановиќ беше прашан од новинарите за случајот со пејачката. Иако, како што нагласи, не сака да навлегува во работата, го спомна синот на Северина.

Ведрана Рудан со брутална колумна за Северина: „Вештерке, ти не си наша девојка“

Ведрана Рудан со брутална колумна за Северина: „Вештерке, ти не си наша девојка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот